Што да облечете денес?

2 септември 2013

Овој понеделник за вас го избравме ова романтично фустанче со небесно сино пруги, кои одлично се дополнуваат со пастелните нијанси. Затоа, овој пат ви предлагаме ниски балетанки и чанта со долга рачка во бежова нијанса, дискретен накит и сламена шапка. Во оваа комбинација сигурно ќе се чувствувате модерно, лежерно а во исто време и сексапилно. Уживајте!

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Тренд