Што да облечете денес?

16 декември 2013

Понеделнички ви предлагаме елегантна, женствена и формална комбинација. Од вашиот гардеробер извадете го белото пенкало здолниште со висок струк и нагласете го со ремен во делот околу половината, а  во горниот дел надополнете со црна тесна блуза со ролка. Палтото нека биде капут во карамел нијанса на дворедно закопчување исто така со нагласена половина. Од аксесоари ставете го масивниот ѓердан во златна нијанса и црни камења. Имајте убав почеток на работната недела!

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Тренд