Што да облечете денес?

17 септември 2013

За овој вторник ви предлагаме комбинација меѓу елегантното  и лежерното. Строгите линии на класичното сако ќе ве направат доволно елегантни и софистицирани, додека фармерките во цигара крој и маичката со принт се парчињата што ќе допринесат за опуштеност на комбинацијата. Со ваков изглед сте одлични за дневна варијанта, а со промена на балетанките во високи потпетици можете да продолжите и за вечерно излегување.

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Тренд