Што нема да носиме во 2018?

30 ноември 2017

Во 2017 година имавме пробив на ретро трендови на модната сцена. Седумдесетите, осумдесетите и деведесетите како да оживеаја повторно. Дел од тие трендови ги прегрнавме со двете раце, а некои срамежливо се протнаа меѓу останатите.

Без разлика што сакавте или не сакавте да носите годинава, следната колажот од трендови ќе биде изменет.

Во продолжение погледнете со кои трендови ќе се збогуваме во 2018:

 

Ѕвонести ракави

Pinterest

Ова беше еден од најактуелните трендови последниве неколку сезони. Но, во 2018 година ќе бидат заменети со карнерите, кои не го напуштаат тронот, како и „обичните“ ракави

Чокери

Pinterest

Или ги сакате или не, така некако би можела да се опише реакцијата на трендот што пристигна од 1990-тите. Без разлика на вашето субјективно доживување, ова навистина беше еден од водечките трендови во годинава на изминување. Но, стручњаците велат дека тука и ќе завршат. Се вратија кратко, ама славно.

Високи околувратници

Pinterest

Ова веројатно ќе израдува многумина. Високите околувратници како во викторијанското доба си заминуваат од модната сцена. Ролките секако остануваат, тие се класика, како и V-изразот кој и досега му пркосеше на високиот околувратник.

Блузони со дупки/искинати блузони

Popsugar

Ќе се поздравиме и со трендот од 1980-тите, широките блузони со дупки на нив. Одлично се вклопија во уличните комбинации, но многумина не можеа да ја прифатат нивната естетика, која потсетува на нешто старо и неуредно. Веројатно тоа е и дел од причината поради која ќе нема да ги гледаме толку често во годинава што доаѓа.

Ѕвонарки

Pinterest

Ѕонестата форма исчезнува не само од ракавите, туку и од ногавиците. ВЛијанието на 1970-тите беше пренесено и тука, но ако судиме според странските модни магазини, во 2018 година ќе носиме повторно тесни или прави ногавици. Ѕонарките во онаа класична смисла ќе се изгубат, но ќе се обидат да се задржат во малку поблага и пократка форма.

Голи раменици

thefashiontag.com

Трендот што жените едноставно го обожуваа и го прифатија без големо двоумење ќе стивне во 2018 година. Краткиот топ со сосема соголени раменици, ќе биде заменет со други, посуптилни форми, кои веќе имавме можност да ги видиме и годинава – топ со ракави и голи раменици.

Слип фустани

Popsugar

Уште еден голем тренд од 1990-тите ја врати својата слава и беше актуелен неколку сезони. Слип-фустанот го гледавме во разни варијанти – лежерни, свечени, секси, неутрални... Многумина го сакаа овој тренд поради лесната преобразба, но и едноставност. Во новата година, слип-фустанот ќе биде заменет со фустаните со принтови.

Мрежасти чорапи

Pinterest

Не се задржаа долго на модната сцена, но оставија трага и тоа веројатно кај оние похрабрите љубители на модата. Нивната специфичност беше токму во тоа што не секој можеше да ги носи, а нивното влијание на модната сцена во 2018 ќе бледее.

Широки ремени

Pinterest

Во 2017 беше „ин“ да се нагласи половината и тоа да се направи со широки ремени, како мини корсети. Женската силуета на песочен часовник повторно беше во преден план (иако никогаш и не престанала да биде актуелна). Сепак, во 2018 година ќе гледаме понежни решенија, па тенките ремени повторно ќе го преземат водството.

Маиците со написи

Pinterest

Долче и Габана, Марија Грација Кјури за „Диор“ се само мал дел од дизајнерите што ја покажаа моќта на маиците со натписи. Овој тренд нема да исчезне сосема и неговата доминантост во пренесување на порака ќе продолжи да живее. Сепак, “смешните“ написи на маиците ќе бидат сосема „аут“. Нив можете да ги замените со маици со винтиџ или поп-ап елементи на пример.

Пом-пом топчињата

Pinterest

Пом-пом топчињата внесоа разиграност, особено во летните стајлинзи. Може да се рече дека две летни сезони беа апсолутен хит. Ги гледавме на обувки, чанти, шапки, шорцеви, во сите бои и големини. Сепак, играта ќе заврши во 2018, барем по тоа што влијателните модни магазини го предвидуваат. 

Објавено:
30 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.267 пати
Тагови: 
тренд аут 2018