Што носи оваа сезона Мирела Фориќ?

4 декември 2017

За многу девојки и жени, особено од нашиот регион, Мирела Фориќ е влијателна стилска инспирација.
Со нејзиниот ненаметлив, а исклучително префинет и софистициран стил, таа важи за една од најдобро облечените жени во светски ранг.

Со оглед на тоа дека е дел од уредничкиот тим на етаблираниот онлајн магазин Buro 247, односно е на чело на хрватското издание, често може да ја видиме и во друштво на славната Мирослава Дума, секогаш во првите редови на најизвиканите модни шоуа, но и хуманитарни забави, бизнис конференции или неформални дружби.

Доза на лежерност и непосредност, секогаш е присутна во нејзиниот стил, соодветно „спакуван" за пригодата. Често на социјалните мрежи може да видиме фотографии од патувања, особено со нејзините деца, кога вообичаено носи патики со џинс и сако, па дури и со романтичен фустан.

Елегантните миди фустани се најчесто нејзин избор за коктел забави, додека пак периодов, за време на модните недели низ светските метрополи, можевме да ја видиме во кежуал изданија што вклучуваат панталони со висок струк, памучни маички и ролки, чизми до глужд и џинс јакни.

Издвоивме дел од нејзините „најсвежи" изданија објавени на нејзиниот Инстаграм профил.

 

Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.049 пати