Што треба да поседува една жена со стил во своите 40-ти

14 март 2014

Milan-Fashion-Week-Street-Style

Доколку веќе навлегувате или сте во 40-тата година од животот, тоа значи дека во вашиот стил треба да внесете доза на серизозност и во исто време да си дозволите квалитетни парчиња облека.

Неквалитетните парчиња заменете ги со квалитетни. Така, не само што инвестирате во својот стил, туку и во облека која ќе трае подолго отколку евтините парчиња што досега сте ги купувале.

Четириесеттите години се време кога вистински треба да вложувате во себе, а со тоа и во квалитетен капут, кожена чанта и слично. Но, освен тоа треба да внимавате и на;

5a6bda048f65a3c04a1a44b5dff11ec8

1. Крема - Инвестирајте во квалитетна ноќна крема. Така ќе имате добра хидрантност и ќе ја намалите подуеноста околу очите.

2.Фризура - Жената мора да има совршена фризура. Редовно негувајте ја и фенирајте косата на фризер или пак во домашни услови. Важно е да бидете доследни.

3.Кожени ракавици - со нив ќе изгледате поотмено, отколку со плетени. Згора на тоа, нема да морате да ги менувате толку бргу.

00e3b32d5bb1338d8e3a0ee5a89f9122

4. Фустан со постава - Фустан или здолниште без постава во никој случај не треба да биде ваш избор. Во спротивно ќе изгледате невкусно, вулгарно и несоодветно за годините, колку и да изгледате добро.

5. Удобни балетанки - Чевлите со високи потпетици не секогаш се удобни за да чекорите во нив долго време, особено ако сте активни. Балетанските од друга страна, се идеални за разни активности, затоа почестете се со квалитетни балетанки кои ќе можете да ги носите и неколку сезони.

e93b65936b21f1719668a58027bc6294

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Тренд