Сите беж нијанси во шик зимски стајлинзи

7 декември 2017

Сите нијанси на беж се инспиративни за комбинирање со остатокот од палетата бои. Затоа токму беж бојата честопати балансира во некои колор блок комбинации со поинтензивни бои, но нам оваа зима особено ни се допаѓаат оние аутфити што вклучуваат повеќе нијанси на беж, од светли и кремасти до темни и загасити.

Делуваат отмено и елегантно, а истовремено топло. Совршено изгледа кога ќе направите комбинација од повеќе беж парчиња во деловен аутфит или пак кежуал дбенев стајлинг со плетенина, панталони со висок струк и патики.

Ваквите изданија се популарни и во актуелната улична мода, каде се носат слоевити комбинации со предимензионирани шалови, плетени капчиња и макси капути.

Еве што нам ни остави впечаток, прелистувајќи низ галериите на Пинтерест...

 

Објавено:
7 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.517 пати