Сите есенски верзии на дводелниот костум

18 октомври 2018

Неодолив е шармот на дводелниот костум, затоа важи за една од оние базични комбинации во секоја сезона и за секоја прилика.

Модерните, шик верзии на „монотоното" деловно одело, придонесоа за оваа типична бизнис комбинација да добие универзален карактер, за веќе неколку сезони да биде на врвот на листата омилени аутфити.

Есенва во дизајнот на дводелните костуми е актуелен карираниот дезен како и змискиот принт.

Во однос на кроевите, покрај стандардните, оваа есен ќе носиме и полежерни односно предимензионирани панталони и сакоа, како и панталони со широки ногавици над глуждот.

Кога температурите драстичо ќе паднат, оделата ги комбинираме со елегантните зимски макси или миди капути, а за комплетен изглед додаваме и зимски шешир.

 

Објавено:
18 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.323 пати