Сите изданија на пепито дезенот во уличната мода

7 февруари 2019

Коко Шанел често го применувала и во дизајнот за Шанел и во својот личен стил, се популаризирал особено во 40-те години на минатиот век, а од тогаш важи за класика во модниот свет...

Пепито дезенот остава впечаток на префинет и елегантен, секогаш лесно компатибилен особено во целини со минималистичка естетика.

Не постојат ограничувања ниту од аспект на сезона, ниту во однос на трендови, па затоа често го гледаме во различни изданија во уличната мода.

Зимава особено се актуелни капутите со пепито дезен, а дополнително оставаат шик печат кога се комбинирани со широк ремен околу струк.

Овој принт е присутен и кај модните додатоци, кај шаловите-ќебиња, чизмите до глужд, беретките...

Еве како изгледа во концепт на улична мода:

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.357 пати