Сите летни изданија на неодоливиот бел костум

15 мај 2019

Елегантен, префинет и безвременски – дводелниот бел костум доби свој култен статус во модниот свет.
Како се редефинираат модните текови, така и белиот костум добива модифицирани и модернизирани верзии, но секогаш задржувајќи ја есенцијата.

Последниве неколку сезони кројот доби полежерен терк и во предимензионирана варијанта, а таков ќе биде хит и ова лето.

Панталоните се макси, во лежерен пад до земја, а ги носиме и со патики и со високи потпетици.

Под сакото носиме бела кошула и златен накит, маичка со принт, блуза во интензивен колорит или краток топ...

Додаваме сламен шешир, масивни очила за сонце или ефективен накит... И подготвени сме да владееме на модните улици.

Фото: Пинтерест

Објавено:
15 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.438 пати