Сите лица на белата кошула

16 јануари 2018

Стилскиот потенцијал на белата кошула е бесконечен. Тоа што ова парче важи за безвременско е дополнителна причина да не се двоумите да инвестирате во квалитетна бела кошула, што ќе може да ја комбинирате во секоја прилика.

Покрај класичниот крој, белата кошула добива различни модифицирани верзии, од мининмалистички и ненаметливи до драматични и артистични.

Во уличната мода може да ги видите сите лица на белата кошула. Тука не постојат ограничувања и сè е препуштено на индивидуалниот стил на протагонистите во уличната мода.

Се комбинира со предимензионираните плетени џемпери и мини здолништа, со кариран блејзер и класични панталони, со сако и плисирано здолниште или со џинс и патики.

Нашиот предлог избор на комбинации со бела кошула, следува во фото галеријата во продолжение...

 

Објавено:
16 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.179 пати