Сите модели на џинс за претстојната сезона

7 април 2017

Иако топлите денови не се време кога секој сака да носи фармерки или парчиња од тексас, пријатните пролетни денови се како создадени за тоа.

Покрај омилените фармерки во сите форми и модели, тексас јакните се парче што го обожаваме во оваа преодна сезона.

Покрај нив, секоја девојка како задолжителни парчиња во плакарот треба да има и едно шик тексас здолниште, кошула и секако, фустан.

Оваа сезона популарните high street брендови понудија навистина голем избор на тексас парчиња во некои сосема нови и интересни форми кои девојките веќе ги обожаваат.

Во нивните продавници ќе најдете и различни бои на тексас парчиња, почнувајќи од светла сина, па сѐ до бројни темни нијанси извезени со разни апликации.

Дизајнерите сезонава повторно ги обожаваат карнерите, па ниту тексас парчињата не изостанаа од овој тренд кој едноставно не можете, а да не го обожавате.

Носете ги сите нијанси на тексас

Оваа сезона можете да одбирате од големиот број на светли нијанси на тексас парчиња, но и од разните комбинации на бои кои се вистински хит кај девојките. Токму тие комбинации од бои и разни тексас материјали се дефинитивно едни од најбараните поради нивната оригиналност. Овој нов тренд дефинитивно ќе ги одбележи стајлинзите на девојките во сезоната што ни претстои.

Тексас парчиња украсени со карнери

Парчињата со карнери и оваа сезона се едни од најпосакуваните благодарение на нивниот исклучително романтичен изглед. Ова е тренд на кој ниту една девојка нема да му одолее, па така набавете си барем едно тексас парче украсено со карнери како тексас јакна, здолниште или пак совршен пролетен фустан.

Комбинезони

Оваа топла сезона се враќаме кон трендовите од 90 – тите, а тоа подразбира задолжително носење на тексас комбинезони. Станува збор за вистинска класика која речиси секогаш е во тренд, а е парче кое можете да го носите со што и да посакате. Пролетва носиме комбинезони украсени со апликации или разни детали, а сакаме да ги комбинираме со блузи во пруги!

Тексас парчиња со везени цветни мотиви

Веќе знаете дека трендот на носење парчиња со цветни апликации е хит оваа сезона, а истото е случај и со тексас парчињата. Носете фармерки со цветови кај џебовите, јакна со извезени апликации на грбот, како и фустани целосно покриени со цветни детали.

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.363 пати