Без разлика на сезоната, кошулата е наш најдобар сојузник во секое време и за секоја пригода. Станува збор за парче што можеме да го комбинираме со што и да посакаме и секогаш да изгледаме добро и средено.

Денеска ви презентираме неколку наши омилени предлози од социјалната мрежа Пинтерест што можете да ги искористите за некоја прилика.

Во галеријата ќе пронајдете едноставни комбинации со кошулка и панталони или фармерки, но и некои поелегантни за посебни моменти.

Оваа сезона сè е дозволено, па така експериментирајте со принтовите комбинирајќи кошулка во неколку бои со колоритни панталони и сè друго што ќе посакате.

Не заборавајте ниту на едноставните комбинации, па така задолжително набавете си бела романтична кошулка која ќе ја носите со светли фармерки со висок струк.

Секако, црната секогаш е задолжителна, овојпат во елегантна свилена варијанта која може да биде ваш избор за некоја свечена прилика.

Инспирирајте се и во шопинг уште денес!

Фото: Pinterest

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.443 пати