Жолтите тонови се едни од најпосакуваните во есенската сезона, па сега е време да почнеме со комбинирање на парчиња во една од најпрекрасните бои во палетата.

Иако можеби оваа боја никогаш не била некој посебен тренд, девојките ја обожаваат бидејќи изгледа совршено во комбинација со есенските бои на природата.

Покрај тоа што е прекрасна, жолтата боја со себе носи посебен оптимизам и е одлична во комбинација со многу класични парчиња како црн женски костим, фармерки во светла нијанса, тесни здолништа со висок струк и уште многу други.

Парчињата во жолта боја одлично изгледаат и во комбинација со бели и сиви нијанси, па така ако одберете жолта ролка и фармерки, без двоумење надополнете ја комбинацијата со сиво тренди капутче.

Совршена е доколку ја комбинирате со кафена како една од најприсутните во есенските денови, а доколку сте доволно храбри и останатите парчиња нека ви бидат во некоја соодветна, јака и впечатлива боја.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
7 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.938 пати