Сите варијанти на омилените кошули во пруги

27 март 2017

Ги носат сите и во секоја варијанта – кошули во пруги. Но, ако сакате да ја одбегнете монотонијата и да ги носите овие ултра модерни кошули во единствено издание, тогаш обратете внимание како и со што ги комбинирате.

Додека сè уште дозволуваат временските услови, „играјте" со слоевитото спојување на парчињата облека, па врз кошулата во пруги облечете елек, тенка блуза или слип фустан.

Кошула-фустанот носете го со старки или мокасинки, додека кошулата во функција на краток топ спојте ја со џинсот или панталоните со висок струк.

Неверојатна е понудата на кошули во пруги, особено оваа сезона, кога се надополнети со карнери, различни апликации и везови или пак се скроени асиметрично.

Само дел од понудата погледнете во галеријата во продолжение...

 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
973 пати