Скорт - тренд што веќе сите ги освои!

11 март 2014

Уште еден тренд од 1990-тите се врати на голема врата! Скорт (од skirt и shorts) - спојот на куси панталончиња и здолниште повторно за многу кратко време ја врати славата и создаде свои следбеници, вистински вљубенички во модата и трендсетерки.

Жените ширум светот ги сакаат од две причини - функционалноста и начинот на кој ги истакнува облините. Скорт е иделно парче во кое ќе изгледате женствено, но ќе ја имате комплетната слобода на движење.

А како да го комбинирате?

Со оглед дека се работи за парче кое е истовремено и класично и спортско, можности има многу. Маици со принт, спортски кошули, но и оние посвечените, во зависност од тоа за која пригода се подготвувате. Палтата се исто така добра комбинација.

Како овој тренд изгледаше во 1990-тите Како овој тренд изгледаше во 1990-тите

За оние што го негуваат поелегантниот стил, чевлите со високи потпетици ќе бидат нивнито избор, додека оние што го сакаат урбаниот стил, тогаш старките или балетанките ќе бидат она за што тие ќе се одлучат, но во било кој од овие случаи ќе се добие успешна комбинација.

Ограничување нема ни при изборот за накит. Оливија Палермо и Каролина Куркова се само дел од дамите што задоволство го носат овој тренд, поточно верзијата на Зара.

Кркова и Палермо носат скорт Кркова и Палермо носат скорт

Во продолжение погледнете некои од тренди комбинациите.

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Тренд