„Слип“ фустаните must have и оваа сезона

1 јуни 2017

Од 1990-тите, слип фустаните се вратија на голема врата и веќе неколку сезони се тренд број еден.

Така ќе остане и оваа за пролет-лето 2017. Нивната магија е во тоа што можат да се носат во секоја пригода и подлежат на многу трансформации.

фото извор:bloglovin.jpg

Ако досега не сте си купиле такво парче, тогаш не двоумете се. Многумина мислат дека нема да им прилега добро, па затоа не пристапуваат доволно храбро. Но, ако подобро ги разгледате фотографиите од улична мода, или комбинациите од трендсетерките, ќе видите дека има решение за сите ваши двоумења.

фото извор: pinterest: crossroads_trading

На пример, ако мислите дека длабокото деколте не е за вас, тогаш маичка на куси ракави и слип фустан се одлична комбинација.

Слип фустан и кошула или јакна исто така е една од најпопуларните комбинации.

фото извор: fitfabfunmom

Ова парче можете да го имплементирате и во секојдневието, со џинс, патики, било кои рамни обувки... Но, исто така може да биде ваш прв избор за некоја летна свеченост, со соодветни сандали на потпетица или актуелните влечки.

фото извор:Pinterest: girl from north london

Летото е време кога експериментирањата се дозволени и добредојдени, затоа веќе при следниот шопинг, „слип“ фустанот нека биде вашата модна „мета“.

фото извор: Pinterest: greatest fashion and beatuty tips

фото извор: Pinterest: Harper's Bazaar

фото извор: Pinterest: Just the design

фото извор: Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest

фото извор:Pinterest: sosage blog

фото извор:Pinterest steal the look.com

фото извор: Pinterest steal the look.com

фото извор:Pinterest style by deb

фото извор: Pinterest The Fashion Medley

фото извор: Who What Wear.com

фото извор: Fashiongym.com

фото извор: Sandrasemburg.com

Објавено:
1 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.132 пати