Слоевити аутфити за секој ден од октомври

1 октомври 2018

На почетокот сме на нов есенски месец, а тоа е доволна инспирација да направиме една интересна селекција на 31 различна комбинација што ќе ви послужи како инспирација што да облечете секој ден од октомври.

Меѓу другото, есента ја обожуваме токму поради можноста да уживаме во комбинирањето на слоевити аутфити – што пак дополнително го доловува нашиот креативен дух и индивидуален пристап во стилизирањето.

Наидовме на интересни идеи што вклучуваат различни стилови и тенденции. Она што треба да го имате во предвид е тоа што во ваквиот изглед може да ги искористите веќе постоечките парчиња во плакарот, а да им дадете нов и свеж лик благодарение на инвентивноста во нивното меѓусебно спојување.

Блејзерот со кариран дезен, килотите, џинс јакната и фармерките, панталоните со висок струк, обичните маички, плетените џемпери, миди здолништата – секако ќе ви послужат како клучни парчиња за вашиот слоевит аутфит оваа есен.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
1 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
987 пати