Снежно бели комбинации идеални за зима

2 декември 2016

Љубителите на минималистичката естетика во својата приоритетна листа секогаш оставаат простор за монохроматските комбинации, најчесто во црна, бела или сива варијанта. Ако сте помеѓу таквите, сигурно ќе ви се допаднат аутфитите што денеска ви ги предлагаме.

Со својата елеганција и едноставност, комбинациите во бела боја „од глава до пети" се совршен избор за актуелната сезона, независно од тоа дали се спакувани како деловен, кежуал или свечен изглед.

Доколку сакате да го разиграте монохроматскиот аутфит, тогаш комбинирајте со ултра популарниот минималистички накит во сребрена или златна варијанта или пак со чевли во метални нијанси.

Ако пак одберете слоевита комбинација, тогаш имајте ја во предвид синхронизираноста помеѓу различните дезени, ткаенини или нијанси со цел да ја избегнете монотонијата.

 

 

Објавено:
2 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.077 пати