Вистински избор на панталони за топлите денови што следуваат

12 мај 2017

За претстојните летни денови што доаѓаат заедно со високите температури, сите ние имаме една иста заедничка желба: удобен, а истовремено шик изглед.

Едно парче од гардероберот што ќе ни одговори на овие потреби се лежерните панталони со широки ногавици.

Иако можеби првата ваша помисла е дека овој тип на панталони се посоодветни за девојките со високи нозе, сепак со мали стилски трикови може да ги носи, а притоа одлично да изгледаат на секоја дама.

Една таква солуција е ваквите панталони да ги комбинирате со сандали на високи платформи, кои исто така се актуелна модна тенденција. На тој начин визуелно ќе ја издолжите вашата фигура.

Неколку инспиративни идеи во галеријата во продолжение.

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.970 пати