Совршен избор панталони за ниски девојки

27 јули 2017

Добриот стил, меѓу другото подразбира дека добро сме го спознале своето тело, ги препознаваме неговите доблести и знаеме како да ги потенцираме. Умешноста во градењето на фина визуелна слика на самите себе, значи дека секогаш кога одбираме парчиња облека тргнуваме од нас, од нашиот индивидуален став и од нашиот физички изглед. Со други зборови, не прифаќаме „здраво за готово" сѐ што ни сервира комерцијалната мода, туку избираме тоа што нам ни прилега.

За пониските девојки, многу е значајно да го направат вистинскиот избор на панталони во практикувањето на секојдневниот стил. Со вистинскиот пар панталони визуелно ќе ја издолжите фигурата, која во спротивно, со не толку среќен избор на панталони, ќе постигнете обратен ефект и ќе изгледате пониско од колку што реално сте.

Ќе ви посочиме неколку пара панталони или џинс, соодветни за ниски девојки:

 

Џинс со не многу тесен крој и должина до глуждовите

Панталони со колан со висок струк и со стеснување по должината на ногата

Панталони со висок струк, во суптилни вертикални пруги

Џинс со висок струк и суптилен А крој

Фото извор: refinery29.com

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.019 пати