Ако овој викенд немавте време да го средите плакарот и да ги пронајдете омилените летни парчиња, можеби овој текст ќе ве инспирира да го сторите тоа денеска.

Пронајдете ги омилените базични парчиња како лежерните панталони, тексас фустаните, белите памучни маички и оваа сезона комбинирајте ги со урбаните модерни парчиња кои се вистински хит.

Топлите капути во кои уживавме во текот на целата зима заменете ги со куси впечатливи јакни со интересни дезени, џемперите со некои бохо романтични блузи, додека фармерките со лежерни и широки цветни здолништа.

Едни од омилените парчиња оваа топла сезона се токму миди здолништата со интересни принтови, во супер бои, не преклоп, плисирани и какви уште не.

Она што можете да направите е да си набавите неколку модели и секојдневно да ги комбинирате со вашата памучна бела маичка на куси ракави која знаеме дека ја имате во плакарот.

Ако на оваа комбинација ѝ додадете некои шик обувки, тренди украси за коса, стилска чанта и широка насмевка, тогаш ја имате добитната комбинација за шармантна пролет.

Доколку ви недостасуваше малку инспирација за секојдневни пролетни комбинации, имате малку погоре во галеријата.

Објавено:
18 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.730 пати