Совршената пролетна комбинација: Кимоно + џинс

12 април 2017

Веројатно знаете дека кимоното е хит парче за оваа сезона и дека најдобрите комбинации со него дефинитивно се оние со џинс.

Иако станува збор за парче со кое и претходно сме запознаени, оваа топла сезона девојките смислија нови начини како да го носат неодоливото кимоно.

Ова парче е инспирирано од традиционалното јапонско кимоно кое денеска можеме да го видиме во многу различни модели и бои комбинирано со шик модерни парчиња.

Неодоливо е бидејќи доаѓа во прекрасни бои, направено е од неодолив лежерен материјал, најчесто свила и украсено е со најубавите везови што можете да си ги замислите.

Еден од најпосакуваните модели е дефинитивно подолгото кимоно кое девојките го комбинираат со едноставни кошули и маички и секако, акцент ставаат на бројните модели фармерки.

Ако претходно девојките сакаа да го носат за посебни пригоди, денеска можеме да го видиме како парче од нивните секојдневни стајлинзи.

Овие две стилски девојки кимоното речиси секогаш сакаат да го комбинираат со интересни кроеви џинс, а доколку ви е потребна инспирација, тогаш истата ќе ја пронајдете во галеријата.

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.465 пати
Извор: 
journal