Совршени есенски одела од уличната мода

28 октомври 2016

Спојот на уличната мода и стилот во деловниот свет, станува се поинтензивен.

Тоа е последица на се поголемото влијание на уличната мода во глобалната модна индустрија, а од друга страна и на конформизмот на деловниот дрес код во современата бизнис сфера, што во свои рамки дозволува изразување на индивидуалноста токму преку изборот на деловна облека.

Секако тоа не значи игнорирање на некои основни правила во деловното облекување, туку храбра експресија на својот став што токму во бизнис сферата е исклучително значаен, а стилот и комбинирањето на парчињата се визуелизација на истиот.

Оделата и тоа во различни комбинации на дезени, принтови, материјали и бои – се вистински избор за сите деловни дами кои го препознаваат значењето на деловниот стил.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.497 пати