Стандардни парчиња облека имплементирани во стилот на трудниците

21 јуни 2017

Модната блогерка Сара Азани останува доследна на својот шик имиџ и за време на бременоста. При тоа, покрај наменските парчиња облека за трудници, таа во својот „труднички" стил многу често имплементира парчиња облека од актуелните тенденции кои не се наменети за бремени жени, но кои благодарение на еластичниот материјал од кој се изработени или соодветниот крој, совршено се комбинираат и прилагодуваат.

@stylemba

Доколку ги разгледате фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил @stylemba, ќе забележите многу актуелни парчиња облека и модни додатоци што таа ги прилагодила на нејзината бременост: макси кимоно со флорален принт, широки фустани со карнери, памучни здолништа и маички, кошула-фустани...

 @stylemba

Супер инспирација за сите трудници за ова лето во галеријата во продолжение:

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
399 пати