Стилот на Амал Клуни како инспирација за вашиот деловен изглед

18 мај 2017

Амал Клуни во својот секојдневен стил најчесто имплементира софистицирани и елегантни парчиња што со оглед на природата на нејзината професија, се сосема пристоен избор.

Благодарение на нејзината совршена фигура, ретко кога некое парче не и прилега. Ако ги разгледате галериите со нејзини фотографии, ќе забележите дека омилени и се фустаните со средна должина, панталоните со класичен крој, како и едноставните и минималистички линии. Токму затоа, нејзиниот стил е одлична инспирација за стилски и шик деловен изглед.

Во галеријата во продолжение посочуваме неколку перфектни комбинации што може да ги примените во вашиот деловен стајлинг.

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.006 пати