Стилска трудница во топла облека

11 ноември 2013

За трудниците секогаш важи правилото приоритетно да внимаваат на своето здравје и здравјето на својот плод, но тоа никогаш не значи исклучување на убавиот изглед. Удобноста и екстетското стилизирање не се исклучуваат меѓусебно, туку напротив како што може да видиме во следниве неколку примери, секоја жена во својата бременост може да изгледа елегантно, тренди, удобно и да го задржи својот специфичен стил. Еве неколку предлози.

Одберете удобен еднобоен комбинезон, не само што е апсолутен тренд туку дефинитивно  уште толку повеќе е практичен. Надополнете со чевли на ниска потпетица и минималистички аксесоари.

Здолниште во А линија со интересен принт и еднобојна ролка, а врз неа мото јакна. Изгледот на супер кул идна мајка ви е загарантиран.

Целосен удобен фистан до под колена, во кариран дезен и еднобојни чевли со дебела потпетица.

Едноставна волнена туника врз хеланки или панталони е друга непогрешна комбинација. За студените денови обезбедете си и крзена капа во јака боја која дополнително ќе го нагласи вашиот стајлинг.

 

 

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Тренд