Стилски комбинезон – совршен избор и после 40-тата

10 јануари 2017

Одлична алтернатива за дамите кои не преферираат макси свечени фустани се стилизираните комбинезони. Актуелни се веќе неколку сезони, а изборот од секој аспект е сериозно богат.

Ова парче облека е сосема соодветно и за дамите после 40-та година. Изгледа софистицирано, лесно се комбинира со остатокот од облеката, а може да најдете различни кроеви што соодветствуваат на конституцијата на вашето тело.

Ќе ги најдете од такви со тесни ногавици и со изразено деколте до комбинезони богато украсени со карнери и со широки ногавици.

Секогаш се одличен избор за коктел вечера или свечен настан, но исто толку се соодветни и за деловен состанок, се разбира доколку одберете комбинезон со едноставни и чисти линии, комбиниран со сако и со елегантни чевли на висока или ниска потпетица.

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.325 пати