Стилски на работа – од понеделник до петок

24 ноември 2016

Честопати пишуваме теми што се однесуваат на стилизирањето на соодветни комбинации за на работа, со цел да ве мотивираме да се чувствувате што попријатно во своја кожа за време на работниот ден. Секако дека така е поголема самодовербата, што ветува и поголем успех во деловниот свет.

И без да го надополнувате гардероберот со нови парчиња облека, секогаш може да најдете нов начин на меѓусебно комбинирање на веќе постоечките парчиња, а секако и да не го потценувате значењето на модните додатоци. Една марама или ремен може целосно да ја трансформираат комбинацијата ако ги имплементирате на вистинскиот начин.

Наш совет е доколку понекогаш задолжително треба да облечете високи потпетици за време на работниот ден, секогаш со вас да си носите резервни удобни чевли „за секој случај".

Fashionel за вас направи неколку автентични деловни комбинации што ќе ви помогнат да се инспирирате за тоа што да облечете следната работна недела.

 

 

 

 

Објавено:
24 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.820 пати