Стилски одела како алтернатива на свечените фустани

28 февруари 2018

Познатиот топ модел Емили Ратајковски, за својата венчавка наместо венчаница или свечен фустан, облече ретро одело во окер варијанта. Сите ја поздравија нејзината одлука во однос на венчалниот стајлинг што нè потсети на оној на Бјанка Џегер кога се венчаше со Мик Џегер во 1971 година.

Стилското одело е идеална алтернатива на свечениот фустан. Новата сезона носи неверојатни шик модели што може да ги планирате за некоја пролетна свеченост, или да ги комбинирате во вашиот деловен стил.


Во однос на кроевите, сè уште се популарни пижама оделата со егзотични принтови, но исто така ќе бидат актуелни и „посмирени" варијанти, во класични кроеви, како и оделата со панталони со широки или ¾ ногавици.

Колоритот ќе задоволи различни вкусови, од оние кои преферираат суптилни, земјени тонови, до оние кои бираат поексцентрични и храбри бои, како интензивно жолта, сина или зелена...

 

Објавено:
28 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
685 пати
Тагови: 
тренд одела