Супер идеи за стилски викенд комбинации

12 октомври 2018

Пред нас е уште еден сончев викенд, совршена причина да ги комбинираме нашите омилни кежуал парчиња и да уживаме во есенското сонце.

Патики, џинс јакна, романтичен фустан, панталони со висок струк, обична бела маичка, очила за сонце – се основните парчиња што ќе ни помогнат да го комплетираме нашиот совршен стајлинг за овој викенд.

Ние ги разгледавме секогаш инспиративните галерии со фотографии од светската улична мода и селектиравме неколку интересни изданија за кои веруваме дека ќе ви помогнат при изборот на впечатлив, а сепак релаксиран викенд изглед.

Фото извор: Инстаграм, Пинтерест

 

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
995 пати