Супер Инста тандем: мајка и син

25 ноември 2016

Доколку сте активен член на Инстаграм заедницата, тогаш сигурно веќе сте свесни за поимот „Инстаграм родители".

Мајки и татковци кои преку симпатични фотографии на оваа социјална мрежа го споделуваат секојдневието со своите деца.

Лорена Мамиќ-Франјиќ од Хрватска е една од мајките на Инстаграм чиј профил е во суштина детското царство на нејзиниот син Мате и неговото секојдневие.

Инспирирана од нордиската естетика, детското царство на нејзиниот син е уредено во минималистички и монохроматски стил, а во истиот стилски правец е и нивниот имиџ.

Доколку барате инспирација за уредување на детската соба на вашите најмили, тогаш ви препорачуваме да го посетите нејзиниот профил @lorena_m_f.

Во продолжение погледнете дел од инспиративните фотографии од нејзиниот Инстаграм.

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.711 пати