Свечени здолништа за претстојните празници

5 декември 2016

Декември е месец резервиран за светки, металик нијанси, сјајни материјали и голема доза позитивна енергија за што поуспешна следна година.

Независно дали се работи за семејни или деловни забави во рамките на празничните денови што ни претстојат, задолжително е во нашиот стајлинг наменет за таквите денови, да внесеме несекојдневна естетика и со тоа да се чувствуваме посебно и секако убаво.

Годинава се наметнаа такви трендови, со кои и не се прави некоја значајна дистинкција помеѓу секојдневен и аутфит наменет исклучиво за празничните денови. Тоа е така бидејќи металик нијансите се ултимативен тренд оваа сезона, исто како и светкавите детали и модни додатоци што често ги носиме и во склоп на нашиот секојдневен или деловен аутфит.

Во продолжение издвојуваме неколку атрактивни здолништа со кои ќе му дадете печат на вашиот празничен изглед.

 

Објавено:
5 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.902 пати