Светкави парчиња во урбани комбинации за претстојните забави

3 декември 2018

Сезоната на празници наметнува еден амбиент во кој по дифолт се подразбира „дрес код" што вклучува облека со светки и „шљокици". Но, всушност и не мора да е така. Празниците може да бидат подеднакво „модерни" и во плетен џемпер соодветно комбиниран со впечатливи модни додатоци или пак со минималистички изглед што вклучува парчиња со добар крој што му прилега на вашето тело.

Од друга страна, облеката со светки иако несоодветно комбинирана лесно се граничи со невкус, сепак може да изгледа супер урбано кога ќе и ја дадеме вистинската димензија, кога ќе го одбереме вистнискиот материјал и крој и ќе ја споиме со соодветните аксесоари.

Па доколку сепак за некоја од празничните забави што претстојат, се одлучите да имплементирате „светкаво" парче, тогаш дајте му урбан предзнак.

Еве како го правиме тоа: доколку се работи за впечатлив фустан или комбинезон во металик нијанса, тој е доволно наметлив сам по себе што подразбира дека се друго треба да се сведе на минимум, а ако пак само сакате да го акцентирате стајлингот со еден детаљ или парче тогаш може да му дадете посебен шарм на вашиот празничен аутфит со чевли во металик нијанса или пак отмена кошула или блејзер изработени од светкав материјал.

Во продолжение издвоивме неколку стилски примери од high street брендовите, како светкавата облека може да изгледа фантастично во урбани комбинации.

 

Објавено:
3 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
859 пати