Свилен топ за цело лето

28 јуни 2017

Во низата „must have" летни парчиња се свилените маички, кошули и топови на прерамки.

Секогаш им даваме предност затоа што овој тип на материјал ни овозможува удобност, едноставно не го чувствуваме на себе, а за време на летните и топли денови токму тоа и го бараме.

Ги комбинираме со шарени марами, џинс, здолништа, фустани, оние свилени маички со тенки прерамки ги спојуваме со маички по кратки ракави, а кошулите совршено прилегаат и со килоти или класични панталони.

Ќе ве инспирираме со неколку интересни аутфити од Пинтерест во кои е комбиниран свилен топ.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
28 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
924 пати