Веќе е совршено време да се збогуваме со фармерките и панталоните и целосно да се препуштиме на убавината на носењето здолниште.

Оваа сезона девојките повторно се освоени од тексас фустаните кои овојпат ги комбинираат со романтични бели кошули одоздола.

Во комбинација со едноставни бели патики, ја имате совршената бела комбинација во која ќе уживате во било која пригода.

Без разлика на тоа каков модел на тексас фустан ќе одберете, бидете сигурни дека ќе бидете забележани каде и да се појавите.

Ако не сте од оние кои сакаат романтични парчиња, за спортски изглед овој фустан комбинирајте го со едноставна бела маичка на куси ракави, а можете и да го збогатите со тоа што ќе му додадете некој ремен, интересна чанта, марама и слично.

Низ продавниците веќе можете да најдете шик модели од ова парче, па доколку денеска имате малку слободно време, побарајте го вашиот фаворит, а еве и инспирација!

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
16 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.972 пати