Тексас јакна=милиони модни комбинации

12 март 2014

Сигурно веќе започнавте со „чистење и освежување“ на вашиот гардеробер. И бидејќи на првите полици ќе се најдат парчињата облека во посветли бои, немојте да заборавите во првите редови да го вметнете и безвременското парче, тексас јакната. Не е важно колку е стара или нова, дали е од времето на вашите средношколски денови, или сте ја позајмиле од вашата мајка, треба да знаете дека тоа едно од најкул парчињата кое секогаш е во мода и можете да го комбинирате во најразлични стајлинзи.

Познатите холивудски ѕвезди и трендсетерки знаат дека ова модно парче е вистинска класика и затоа инспирацијата за нивниот секојдневен изглед ја црпат од токму од тексас јакната. Во продолжение еве неколку свежи идеи според рецептот на славните личности:

Кејт Мара, одлучи да комбинира тексас со тексас, иако според дел од модните стилистите тоа е сосема недопустливо. Кејт, сепак одлучи да им „пркоси“ на модните канони и тексас јакната да ја комбинира со тексас фустанот од последната пролетна колекција за 2014 година на модната куќа Луј Витон.

Ники Рид, реши своите кожени панталони да ги комбинира со транспарентна кошула од тантела, тексас јакна и црвени чевли со потпетица. Нејзината визија беше окарактеризирана како храбра фенси комбинација.

Менди Мур пак се одлучи за кожено здолниште во молив крој, тантелна блуза и тексас јакна која не и е облечена туку само наметната. Софистициран, суптилен и кежуал изглед.

Комбинацијата на Еми Росум испраќа позитивни и сончеви вибрации. Плисираното здолниште, обичната бела маичка, балетанките, плетенката настрана и тексас јакната се одличен избор за секојдневна прошетка, низ град.  Бидете модерна и тренди девојка.

Ејми Адамс, исто како и Кејт Мара се одлучи да комбинира тексас со тексас. Таа одбра фармерки во цигара крој, широка маичка и тексас јакна. Опуштена и кул варијанта во која ќе се чувствувате удобно, а сепак во чекор со модата.

На последната забава на Коачела, Џејми Чанг, понуди навистина интересен моден концепт, спојувајќи го нејзиниот цветен мини фустан со тексас јакна и чизми до глужд.

Хајли Стејнфелд, пак, креираше совршена пролетна визија, носејќи макси фустан со принт, тексас јакна и апостолки.

Џенуари Џонс, на црвениот килим се појави во неверојатно лежерна варијанта. Тексас јакната ја комбинираше со транспарентна бела кошула и кожени хеланки.

Роузи Хантингтон-Витли, нејзините ултра модерни сандали со реси ги комбинираше со здолниште до под колена со висок струк, бела маичка и тексас јакна. Големата чанта со леопардов принт му дава урбан шмек на целиот стајлинг.

Модните комбинации на пејачката Гвен Стефани се секогаш уникатни, па така и овој пат, тексас јакната со кожени ракави ја комбинираше со мат црни фармерки, бејзбол маичка и патики со полна пета.

Џесика Алба продолжува да биде слатка. Таа својата тексас јакна ја комбинира со фармерки со флорален принт и бела маичка.

Џулиен Мур презентираше еден помалку авангарден изглед, комбинирајќи ја тексас јакната со предизмензионирани сиви панталони, врзани околу половината.

Натали Портман за прошетка со својот син одбира бели фармеки, тексас јакна маичка и марама околу врат со специфичен принт. Очилата за сонце само го надополнуваат и онака беспрекорниот изглед на младата мајка.

Кара Делевињ е тип на девојка на која комплетно и соодветствува лежерниот стил. Таа знае како и да ги носи модните парчиња, па дури и кога се работи за едноставни хеланки во риги, широка маичка, тиркизни рејбан очила за сонце, патики, бејзбол капче и нормално тексас јакна.

Моли Симс одбрала проверена варијанта на макси цветен фустан и тексас јакна.

Елза Патаку му даде нова димензија на црниот фустан, комбинирајќи го со тексас јакна, патики и очила за сонце.

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Тренд