Тренд аларм: Бел џинс + маичка со принт и карнери

8 јуни 2017

Едно од најпопуларните парчиња секоја летна сезона е белиот џинс. Омилен е бидејќи е одличен за бројни комбинации. Тој е сигурен избор кога не сте секогаш сигурни што да облечете.

Ние пак го искомбиниравме со маичка со принт. Ригите и цвеќињата ја прават весела, а за тоа уште повеќе придонесуваат и карнерите од двете страни. Задниот дел го краси и V-израз кој ја прави уште поинтересна.

Со оглед на непредвидливото време, ние во комбинацијата ја додадовме и оваа кожена јакна, во свежа зелена боја. Кога се обувките во прашање, се одлучивме за сандали на потпетица во беж боја.

Уште една предност на оваа комбинација е што можете да ја носите и преку ден, но одлично ќе се вклопи и за некое вечерно излегување со пријателите.

 

 

Комбинација: Fashion Group

Џинс, маичка, јакна и сандали: Mango

Модел: Евгенија Миленкова

Агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

 

 

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
756 пати