Тренд аларм: Беспрекорен есенски стајлинг за сечиј вкус

4 октомври 2016

Во екот на есента, она во што можеме да уживаме е правењето на беспрекорни комбинации со кои ќе го освежиме секојдневието кое никогаш не смее да биде здодевно.

Есента е време кога можеме да ги носиме најубавите бои на светот меѓу кои и темно црвената, кафената, сите крем нијанси и уште многу други кои се вистинско освежување по светлите летни бои.

Денеска на репертоарот имаме една неодолива комбинација за која знаеме дека ќе ви се допадне од прва поради неколкуте есенцијални парчиња кои се вистинска класика.

Она што секоја девојка би требало да го има во плакарот оваа есен е кусото кафено здолниште од превртена кожа, кафените чизми до глужд, широкото и удобно џемперче во темно црвена боја и секако, бохо чанта за сите пригоди.

Доколку оваа комбинација ја украсите со уникатен накит како прикажаниот на фотографијата, тогаш го имате совршениот стајлинг за долги есенски прошетки!

Комбинација: Fashion Group

Џемпер, чизми: Mango

Здолниште: Springfield

Накит: Parfois

Модел: Антонела Давитковска

Шминка: Елена Андовска

 

 

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.039 пати