Тренд аларм: Беж комбинација со впечатлив крзнен шал

15 ноември 2018

Комбинациите составени од парчиња во неутрални бои се секогаш нашите омилени, па денеска ви предлагаме една токму таква.

Оваа фантастична есенска комбинација е составена од неколку навидум едноставни, но шармантни парчиња кои совршено се надополнуваат едно со друго.

Панталоните се во неодолива светла крем нијанса со впечатливи пруги по површината, додека џемперот неверојатно топол со едноставен дезен.

Комбинацијата ја украсуваме со овој впечатлив шал од вештачко крзно во неколку нијанси кои изгледаат одлично во комбинација со останатите бои.

Чизмите се во слична нијанса како и останатите парчиња, а сосема доволни да ви ја истакнат и надополнат комбинацијата на одличен начин.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Панталони, џемпер, чизми: Mango

Шал од вештачко крзно, обетки: Parfois

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука 

Објавено:
15 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
855 пати