Тренд аларм: Бидете тренди џентлмен за Нова година

24 декември 2014

24.12

Момци, доколку сѐ уште барате совршена комбинација за новогодишната вечер, Fashionel ви предлага една токму за вас!
Класичната кошула овој пат ја комбинираме со безвременскиот кариран дезен. Доколку мислевте дека не можете да најдете модни додатоци или пак дека изборот е мал, тогаш следете ги нашите совети.
Пеперутка вратоврските се одличен моден додаток за секој маж кој сака да изгледа уникатно. Дезенот на вратоврската одлично се вклопува и со марамчето од десната страна на сакото. Ова може да го направите и сами, но задржете се на сличните нијанси. На овој изглед му додадовме ремен и чевли во кафена боја. Впечатливите ретро чевли во две бои совршено ќе ја надополнат и онака модерната комбинација.
Бидете вистински џентлмен за Новогодишната ноќ.

so-logo

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Тренд