Тренд аларм: Блуза со крзнени детали + чизми до глужд

19 октомври 2017

Една од најатрактивните бои за оваа есен е нијансата бургунди. За денешниов тренд аларм одбравме мека и удобна блуза токму во оваа боја, со крзнени детали.

Во комбинација со ова парче лесно може да комбинирате и спортска и елегантна облека. Ние одбравме здолниште над колена во црна варијанта, што одлично прилега со актуелните чизми до глужд на средно висока потпетица.

Секогаш внимаваме на модните додатоци што имаат клучна улога во комплетирањето на аутфитот. Овој пат одбравме качкет исто така во нијанса бургунди и мини чанта со интересен принт.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Манго, Parfois

Модел: Матеа Кантурска, Моделс ин

Шминка: Елена Лука

 

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.942 пати