Тренд аларм: Блуза со тропски принт + килоти

11 јули 2018

Денешниот тренд аларм целосно го посветуваме на летото кое се чини конечно дојде во градот.

Едното парче, поточното блузичката на долги ракави со тропски принт, совршено го опишува времето во изминатиот период кое се чини конечно се поправи.

Блузичката е одличен избор за оние утра или ноќи кога времето е малку постудено, а вие сакате да блеснете во летно издание.

Ја комбинираме со стилски панталони во крем нијанса, со впечатливо кафено копче во предниот дел и странични џебови.

Комбинацијата дополнително истакнете ја со овие шик потпетици во кафена нијанса и стилска чанта со реси и кружно ремче во златна нијанса.

Комбинација: Fashion group

Панталони: Mango

Блуза: Springfield

Чевли, чанта: Mango

Стајлинг: Fashionel

Модел: Нина Михајловиќ

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
756 пати