Тренд аларм: Црн минимализам за забавен викенд

20 март 2015

trend alarm 1

За вас денеска одбравме класична и женствена комбинација, во која главниот печат е ставен на тесниот црн фустан од Mango. Тој ја следи линијата на телото, но сепак не е нападен и вулгарен.

Фустанот е надополнет со масивен ѓердан во посвежи нијанси кој ги изразува очите и ликот. Црешата на шлагот во оваа комбинација се црните салонки од Bata кои се исклучително секси и заводливи.

Нека сите погледи бидат вперени во вас овој петок.

Објавено:
20 март 2015
Категорија: 
Тренд