Тренд аларм: Црвена комбинација за денови полни љубов

21 април 2017

Со оглед на тоа што се чини дека наместо топли, нѝ доаѓаат студени денови, не би било погрешно да си набавите уште по некое парче соодветно за ваквите температури.

За оваа меѓу - сезона ние ви предлагаме неодолива црвена комбинација која знаеме дека ќе ја обожавате.

Во истата сместивме топла црвена блузичка со долги ракави, неодоливо украсена во горниот дел, а ја комбинираме со едноставни црни панталони кои се must have за било која сезона.

Кога ќе дојдат малку потопли денови, комбинацијата истакнете ја со овие чевли на висока потпетица кои ќе ви дадат малку погламурозен изглед.

Овие парчиња можете да ги вметнете во вашиот секојдневен стајлинг за на работа, или пак за некоја прилика по завршувањето на работните обврски.

Она што е можеби и највпечатливо во целата комбинација е оваа шик бохо чантичка која е прекрасна сама по себе, а уште поубава комбинирана на овој начин.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Панталони, блузичка, чанта: Springfield

Чевли: Bata

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
850 пати