Тренд аларм: Цветно фустанче + високи потпетици во јака боја

31 јули 2018

Цветното фустанче е дефинитивно омилено на девојките во било кое годишно време, а во лето е супер бидејќи можеме да го комбинираме со што и да посакаме.

Денеска ви предлагаме едно токму такво, кое иако е на долги ракави, може да се носи за разни пригоди кога времето е соодветно.

Истото има сина основа на која се поставени прекрасни и впечатливи цветови, а во долниот дел има голем карнер што го прави уште поубав.

На половината има ластик и врвка која ви овозможува да го наместите онака како што ќе посакате.

Ние го комбинираме со високи потпетици во неодолива розова боја која совршено се вклопува со бојата на дел од цветовите.

Фустанчето можете да го носите и со рамни сандали, па дури и со патики за пригода за која мислите дека се соодветни.

Комбинација: Fashion group

Фустан: Springfield

Потпетици: Mango

Стајлинг: Fashionel

Модел: Нина Михајловиќ

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
823 пати