Тренд аларм: Долго цветно фустанче во комбинација со кафен џемпер

24 април 2019

Изминатите денови времето беше навистина лошо и воопшто не наговестуваше дека наскоро доаѓа омилената топла сезона, но денеска тоа се промени.

Нема ништо поубаво од лежерен фустан во топол сончев ден, па ние веќе почнавме да го преуредуваме нашиот плакар со летни парчиња.

Денеска ви предлагаме еден токму таков фустан во нежна зелена боја со шармантни цветови по површината и слатки мали копчиња и карнери во предниот дел.

Фустанот е на куси ракави, па во утрата кога е студено ние сакаме да го комбинираме со некое шик џемперче, а во случајов истиот е долг и во кафена нијанса.

Што се однесува до чевлите, нема ништо подобро од удобни обувки во кои ќе може да уживате во текот на целиот ден, а кои истовремено ќе бидат тренди и впечатливи, а токму такви се денешните. 

Целосната комбинација е совршен вовед за сите прекрасни летни денови што се пред нас.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, џемпер, чевли: Mango

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
24 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.776 пати