Тренд аларм: Џинс + бела маичка + впечатливо кимоно

15 август 2018

Нема ништо подобро од едноставна комбинација „зачинета“ со некое впечатливо парче кое истовремено е и удобно.

Тренди парчињата што денеска сакаме да ви ги прикажеме се едноставни фармерки со висок струк во светла нијанса како едни од омилените на девојките оваа сезона.

Истите се неодоливи бидејќи можете да ги комбинирате со што и да посакате, во случајов, едноставна и памучна бела маичка која е совршен партнер на секој џинс

Целото внимание денеска е насочено кон ова ултра шик кимоно во црвено – бела нијанса, украсено со врвка на половината која завршува со црвени реси.

Одлично е бидејќи можете да го комбинирате со што и да посакате, како на пример едноставно фустанче, куси тексас панталони, па дури и костим за капење на плажа.

Комбинацијата носете ја со впечатливи црвени чевли на ниска потпетица. 

Комбинација: Fashion group

Фармерки, маичка, кимоно, чевли: Манго

Стајлинг: Fashionel

Модел: Анастасија Василевска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
15 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
631 пати