Тренд аларм: Впечатлив комплет што ви е потребен оваа празнична сезона!

12 декември 2018

Секојдневно сме во потрага по совршените парчиња во кои ќе блеснеме на празничните забави, но и на разните прослави што се организираат во периодот околу Нова година.

Сосема очекувано, најголем дел од парчињата што овој период можеме да ги најдеме низ high street брендовите се претежно светкави, па таков е и нашиот денешен предлог.

Одлична комбинација за сите пригоди, ова шик комплетче составено од маичка со ролка и тесно здолниште со ремен на половината е тренди избор за сите возрасти.

Комбинирајте го со елегантни потпетици или пак со високи чизми за некоја дневна варијанта, а секако и со соодветно палто во зависност од пригодата.

Секако, шминката и фризурата секогаш мора да се внимателно одбрани за празничните пригоди, па ова е нашиот предлог доколку сè уште се двоумите.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Маичка, здолниште, ремен, високи потпетици, ракавици: Mango

Модел: Тадеа Павловска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
12 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.184 пати