Тренд аларм: Елегантен фустан во металик сина нијанса + чизми до глужд

26 декември 2018

Само неколку дена пред Нова година! Празничното расположение и атмосфера нè тераат да размислуваме со поголема доза на оптимизам. А нашиот избор за денешниот Тренд аларм е токму во такво расположение: празнично...

Одбравме елегантен фустан на прерамки од Манго во металик темно сина боја, а го комбиниравме со црни чизмички до глужд од истиот шпански бренд.

Со оглед на тоа дека фустанот е навистина впечатлив сам по себе, нема потреба од дополнителни модни додатоци. Косата соберете ја во високо опавче, додадете малку светки во шминката и уживајте во празничните забави.


Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk
Фустан, чизми: Mango
Модел: Тадеа Павловска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
811 пати